Приведен разбојник во скопски Аеродром, одземеното пронајдено и ќе биде вратено на сопственикот

На 07.12.2023 во 20.00 часот на подрачјето на Аеродром, во близина на основно училиште, полициски службеници од Полициската станица Аеродром го лишиле од слобода Н.Н.(28) од Скопје, поради тоа што околу 17.30 часот во аптека, со закана од вработената одзел пари.

Со него е извршен службен разговор во полициска станица и кај него биле пронајдени одземените пари кои потекнуваат од кривичното дело и ќе бидат вратени на сопственикот.
По целосно документирање на случајот, Единицата за внатрешни работи Аеродром и Драчево ќе поднесе кривична пријава за сторено кривично дело „разбојништво”.

Треба да знаете
Последни објави