Јаткастите плодови како што се оревите, бадемите, ф’стаците, бразилските ореви или индиските ореви носат бројни здравствени придобивки. Тие се богати со влакна, протеини и здрави масти. Еден грст јаткасти плодови е одлична и корисна ужина, одличен додаток на оброците, но и неопходна дневна доза на витамини и минерали.
На што најсилно влијаат?
-Антиоксидативен потенцијал: Јаткастите плодови, како што се ф’стаците, обезбедуваат моќен антиоксиданс ефект, заштитувајќи ги здравите клетки од оштетување на слободните радикали.
–Подобрување на внесот на хранливи материи: Додавањето јаткасти плодови во исхраната може да помогне да се компензира недостигот на хранливи материи, како што се влакна, омега-3 масни киселини, витамини и минерали.
–Заштита на здравјето на мозокот: Редовното консумирање јаткасти плодови може да придонесе за подобро здравје на мозокот и да го намали ризикот од когнитивно опаѓање, благодарение на омега-3 масните киселини, антиоксидансите и витаминот Е.
-Врска со подобро расположение: Истражувањата покажаа дека оние што јадат јаткасти плодови не страдаат од депресија, што се припишува на профилот на аминокиселините и невропротективните својства на омега-3 масните киселини.
-Ја зголемува ситоста: Додавањето јаткасти плодови во оброците придонесува за чувство на ситост поради комбинацијата на масти, влакна и протеини.
-Намалување на воспалението: Јаткастите плодови, особено бадемите, се поврзани со пониски нивоа на воспаление благодарение на присуството на витамин Е.
-Го штити срцето: Богатството од мононезаситени и полинезаситени масти, особено омега-3 масни киселини, ги прави јаткастите плодови корисни за здравјето на срцето, намалувајќи го ризикот од високи триглицериди и го подобруваат нивото на холестерол.
-Регулирање на нивото на шеќер во крвта: Комбинацијата на протеини, масти и влакна во јаткастите плодови може да помогне да се одржи нивото на шеќер во крвта стабилно, спречувајќи скокови на шеќер и падови.
Но, важно е да се внимава со количината на овие вкусни плодови на природата која се внесува бидејќи се многу калорични – 100 грама имаат во просек 600 калории.