Search

Четири напитоци во борба против анемија

Најчеста причина за анемија е недостигот на железо, а без него вашето тело не е во можност да произведе хемоглобин што им е потребен на вашите црвени крвни зрнца за да носат кислород.
Затоа, можете да го вклучите железото во вашата секојдневна исхрана, но и да го надоместите со едноставни напитоци.

Некои напитоци содржат соединенија кои можат да ја влошат анемијата со блокирање на апсорпцијата на железо (кафе, чај, сода), додека други ја подобруваат апсорпцијата или содржат доволно високи концентрации на железо, витамин Б-12 или фолати.

Сок од портокал
Студијата објавена во „American Journal of Clinical Nutrition“ покажа дека консумирањето на витамин Ц ја зголемува апсорпцијата на железо од храната. Еден од најбогатите извори на витамин Ц е сокот од портокал бидејќи една чаша содржи повеќе витамин Ц од препорачаната доза.
Сокот од портокал е исто така добар избор за пиење ако сте станале анемични поради недостиг на фолати. Секоја чаша сок од портокал има 74 микрограми фолна киселина. Ова е речиси 19 проценти од дневните потреби за возрасен.

Сок од морков
Диетата во која недостасува храна богата со витамин А може да ја влоши анемијата со дефицит на железо. Ова може да биде затоа што витаминот А помага да се транспортира железото складирано во вашето тело во црвените крвни зрнца. Жолтото и портокаловото овошје и зеленчук како морковот се добри извори на каротеноиди, кои кога се консумираат се претвораат во витамин А. Покрај сок, се препорачува да се јаде и свеж морков.

Сок од суви сливи
Сокот од суви сливи не е добар извор на витамин А или Ц, но природно е богат со железо. Редовното консумирање може да помогне да се намалат симптомите на анемија со дефицит на железо.
Секоја чаша сок од суви слива содржи повеќе од три милиграми железо. За мажите, таа количина би била приближно 38 проценти од неговите осум милиграми препорачана дневна доза на железо. За жените, кои треба да консумираат околу 18 милиграми железо дневно, една чаша сок од суви сливи би исполнила речиси 17 отсто од барањата.

Млеко
Луѓето кои се анемични бидејќи не добиваат доволно витамин Б-12 можат да го надоместат тоа со консумирање млеко. Секоја чаша млеко со малку маснотии содржи еден микрограм витамин Б-12, или половина од препорачаната дневна доза за возрасен.

Треба да знаете
Последни објави