Раиси пристигна во Москва на средба со Путин

Иранскиот претседател Ибрахим Раиси пристигна во Москва, каде денеска ќе се сретне со рускиот лидер Владимир Путин, објави на социјалната мрежа „Икс“, амбасадорот на Исламската Република во Русија, Казем Џалали. Путин вчера беше во посета на Абу Даби и Ријад, каде што разговараше со претседателот на ОАЕ Мохамед бин Зајед Ал Нахјан и саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман Ал Сауд.

Шефот на иранската држава непосредно пред поаѓањето изјави дека страните ќе разговараат за конфликтот меѓу Израел и Хамас и потребата од прекин на огнот, политичката, трговската и економската соработка меѓу Москва и Техеран, интеракцијата во индустријата, енергетиката и земјоделството. 

Путин во средата ги посети Абу Даби и Ријад, каде што разговараше со претседателот на ОАЕ Мохамед бин Зајед Ал Нахјан и саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман Ал Сауд

Треба да знаете
Последни објави