(Видео) Тинејџерка во рускиот град Брајанск во училиште убила две соученички и ранила уште пет,па се самоубила

Пукање во училиште во рускиот град Брајанск во близина на границата со Украина денеска заврши со две жртви, јавија руските медиуми, повикувајќи се на регионалната администрација на Министерството за внатрешни работи.

Според првичните информации, 14-годишна ученичка влегла во училишната зграда и пукала кон соучениците неколку пати со пиштол, кој бил легална сопственост на нејзиниот татко. Веднаш по пукањето сите ученици биле евакуирани од училиштето, а целата област била блокирана од полицијата. Се уште не е познат мотивот за нападот.

Тинејџерката, која била осмо одделение, ранила шест нејзини соученици, по што се самоубила. Подоцна, една од повредените ученички починала во болница.

– Еден од повредените е во тешка состојба и е опериран. Останатите четворица повредени се во умерена состојба, изјави помошник на рускиот министер за здравство.

Според информациите од истрагата, девојчето пукало во своите соученици поради конфликт со нив.

Треба да знаете
Последни објави