Search

Утрово повторно се тресеше Петровац на Млава

Два потреси со јачина од 4,1 и 2,4 степени според Рихтеровата скала утрово во 4.45 часот и 5.03 повторно го стресоа српскиот град Петровац на Млава. Посилниот потрес се почувствувал до Белград. Во овој град земјотрес беше регистриран и во неделата на 3 декември. Тогаш беа забележани два послаби потреси, првиот со јачина од 3,8 степени според Рихтеровата скала, додека вториот 2,6 степени. Според сеизмологот Славица Радовановиќ, се очекува на ова подрачје да се случи уште посилен потрес со јачина од 5 степени според Рихтеровата скала, пренесува Телеграф.рс.

– Имаше неколку земјотреси во реонот од Велико Градиште преку Петровац на Млава до Свилајнец. Овој расед има капацитет да генерира земјотреси со јачина од 5 степени. На овој потег немало вакви потреси повеќе од 30 години, од 1991 година. Лани кажав дека е можно таму да се случат земјотреси. Кога Сеизмолошкиот завод ќе ги анализира податоците, тогаш ќе знаеме дали се работи за редовна сеизмичка активност или е активиран еден од попречните раседи. Ова е веќе 7-ми земјотрес во истиот расед. Таму полека расте сеизмичката активност, а главниот удар ќе биде во иднина, не знаеме кога – вели Радовановиќ.

Треба да знаете
Последни објави