Search

Со посетата на Ердоган во Атина почнува нова ера во односите меѓу Грција и Турција

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска е во Атина каде утрово беше примен од грчката претседателка Катерина Сакеларопулу, а ќе се сретне и со премиерот на Грција Кирјакос Мицотакис.  Верувам дека овој петти состанок на Високиот совет за соработка ќе биде можност за започнување нова ера во односите меѓу Грција и Турција, порача турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на почетокот на средбата со грчката претседателка Катерина Сакеларопулу, која истакна дека потребно е продлабочување на соработката и избегнување на тензии во билатералните односи, јави дописничката на МИА од Атина. Турскиот претседател денеска е во Атина за петтиот Високиот совет за соработка меѓу Грција и Турција, утрово беше примен од грчката претседателка и ќе се сретна со премиерот на Грција Кирјакос Мицотакис. На средбата со Сакеларопулу, Ердоган рече дека целта е обемот на трговската размена, од 5,5 милијарди долари да се зголеми на десет и истакна дека со Грција ќе разговараат за следните чекори во сите области, а министрите ќи стават потребите потписи. -Верувам дека ќе биде најдобро за иднината и на двете страни да разговараме гледајќи ја чашата половина полна, порача Ердоган. Грчката претседателка истакна дека подобрувањето на билатералните односите ќе биде во корист и на двете земји, но и на поширокиот регион. -Ако го земеме предвид она што се случува околу нас, неопходно е, можеби повеќе од кога било, Грција и Турција да работат заедно за да го зајакнат просперитетот, да го зачуваат мирот, стабилноста и почитувањето на меѓународното право, како и да промовираат добрососедски односи, во корист и на нашите народи и на поширокиот регион, потенцираше Сакеларопулу. На состанокот на Високиот совет за соработка,се очекува да бидат потпишани меморандуми за соработка, а во вчерашното интервју за весникот „Катимерини“, турскиот претседател најави потпишување на Декларација за пријателски односи и добрососедство. Атина денеска е под драконски безбедносни мерки поради посетата на Ердоган, ангажирани се најмалку три илјади полицајци, а во централниот дел на грчката метропола, со одлуката на полицијата постои забрана за било какви собири и протести. Турскиот претседател последен пат во Атина беше пред точно шест години, одосно на ист датум, на 7 декември оствари официјална посета на Грција.

Треба да знаете
Последни објави