Search

На Погба му се заканува максимална казна од 4 години забрана за настап

Италијанските спортски обвинители побарале четиригодишна забрана за играње на фудбалерот од средниот ред на Јувентус, францускиот интернационалец Пол Погба кој е обвинет за допинг, пренесуваат италијанските медиуми.

Погба е суспендиран од октомври оваа година, откако тестот на националната антидопинг организација откри тестостерон, хормон кој ја зголемува издржливоста на спортистот тестиран на 20. август на дуелот против Удинезе во првиот меч од Серија „А“.

Французинот беше позитивен и на вториот направен тест, со што беше јасно дека му следува долга пауза. Ако добие четиригодишна суспензија, тоа веројатно ќе значи и крај на кариерата на екс играчот на Манчестер јунајтед.

Треба да знаете
Последни објави