Search

Најголемиот крузер на светот ќе заплови во јануари

Најголемиот брод за крстарење во светот „Icon of the Seas“ е во завршна фаза на подготовка на бродоградилиштето во Финска и ќе исплови следната година. Крузерот официјално ќе исплови во јануари 2024 година во Мајами.

Крузерот со име „Icon of the Seas“ се гради во бродоградилиштето „Meyer Turku“, а е нарачан од компанијата „Royal Caribbean International“.

Овој фантастичен брод е резултат на седумгодишна работа и 900 дена проектирање и изградба. Во процесот на неговото создавање учествуваа илјадници експерти.

„Icon of the Seas“ ќе биде најголемиот патнички брод за крстарење некогаш изграден. Има 18 палуби за патници, седум базени, повеќе од 40 ресторани и барови. Неговиот капацитет е 5.610 гости.

Бродот тежи 250.800 тони, а неговата вкупна должина е 365 метри, пишува „Информер“.

Луксузниот брод се состои од осум посебни единици. Секоја од нив нуди уникатни искуства, забава и ресторани.

Интересно е што целината наречена „Thrill Island“ го има најголемиот воден парк на еден крузер, првиот отворен тобоган на море со слободен пад, како и највисокиот тобоган во индустријата.

„Chill Island“ нуди базени со поглед на океанот и коктел барови, додека „The Hideaway“ го има првиот висечки базен на море. Овој простор е опкружен со тераса на повеќе нивоа наменета за сончање, има када за хидромасажа, како и шанк.

Останатите делови на бродот за крстарење се „Surfside“ и „Akadome“, кои имаат свој „AquaTheater“.

Нагласувајќи го пристапот фокусиран на семејството, бродот за крстарење има нови сместувачки капацитети наменети за семејства.

Кралското шеталиште може да се пофали со повеќе од 15 ресторани и барови. Иновативниот „1400 Lobby Bar“ има тераса со поглед на океанот. „Giovanni’s Italian Kitchen & Vine Bar“ има и убав поглед на океанот.

Овој крстосувач може да користи технички природен гас и интегрира различни мерки за енергетска ефикасност и врвна еколошка програма, вклучително и постројка од отпад до енергија на море.

Крузерот е енергетски поефикасен за 34 проценти во споредба со денешните стандарди.

Цената на крстарење по лице се движи од 1.800 до речиси 2.200 долари.

Треба да знаете
Последни објави