Search

Македонските партии во Србија на престојните избори на 17 декември

Со заклучувањето на изборните листи во Србија за вонредните парламентарни, покраински, локалните избори во 65 градови и изборите за градот Белград, се копмлетира изборниот амбиент, меѓу кои и на трите малцински македонски партии во Србија, Демократската партија на Mакедонците (ДПМ), Странката на Македонците во Србија (СМС) и Македонската странка во Србија (МАКСС), јави дописникот на МИА од Белград.

Најстарата македонска партија ДПМ, која имаше историски успех на изборите во 2012 година, кога тогашниот нејзин претседател Миле Спирковски стана првиот македонски пратеник во Републичкото собрание, на овие избори, по преговорите не успеа да постигне договор за можна колиција со носечките партии во Србија, и својата политичка активност ќе ја насочат на локално ниво.

-Одиме самостојно на изборите и само на локално ниво, имаме свои кандидати за одборници во Врање и во Врањска Бања.

Сметаме дека на локално ниво најдобро ќе можеме да се избориме за политичките права на Македонците, изјави Маја Георгиевска, претседател на ДПМ.

Таа додаде дека идната година кога ќе се распишат изборите за Панчево, Опово и Нови Сад, тие исто така ќе настапат самостојно во овое градови и општини.

Неофицијално, оваа партија на парламентарните избори ќе даде подршка за владejaчката Српска напредна странка (СНС).

Од Странката на Македонците на Србија (СМС), ни од нивната веб страна, како и лично, не дознавме за учеството на изборите.

СМС на изборите пред две години постигна коалиционен договор за соработка со лидерот на Демократската странка (ДС), Зоран Лутовац.

Во изјавата за МИА, лидерот на ДС и член на коалицијата „Србија против насилството“ изјави дека тие имаат отворена врата за соработка.

-Имаме отврена врата за соработка со македонските партии во Србија, сметам дека нивното учество најголем ефект би имало на локално ниво, изјави Лутовац.

Третата македонска партија во Србија, Македонската странка во Србија (МАКСС), која на изборите пред две години беше во коалиција со партијата на Драган Ѓилас – Странка слободе и правде (ССП), на овие избори ќе даде подршка на проевропската опозициска коалиција „Србија против насилството“.

-Имамвме повеќе разговори, по нив, бидејќи немаме можност самостојно да настапиме на изборите, решивме да дадеме подршка за изборната листа „Србија против насилството“, изјави претседателот на МАКСС, Александар Паспаловски.

Од Македонците кои ќе земат учество на претстојните избори и имаат шанса за победа и влез во власта е познатиот адвокат Тома Фила, кој досега беше пратеник во Републичкото собрание, а потоа и советник во Собранието на град Белград.

На овие избори тој како предлог на Социјалистичката партија (СПС) на Ивица Дачиќ и коалицијата „Ивица Дачиќ-премиер на Србија“ е кандидат за градоначалник на Белград.

Треба да знаете
Последни објави