Search

Гвардиола: Ако ја одбраниме тројната круна сезонава, ќе се пензионирам !

Тренерот на актуелниот европски и англиски правк Манчестер сити, еден од најтрофејните стратези во историјата на фудбалот, Шпанецот Пеп Гвардиола, изјави дека доколку неговиот тим и сезонава освои тројна круна, дека ќе ја заврши кариерата.

-Ако ја освоиме тројната круна и сезонава, ќе се пензионирам. Тоа е сигурно. Знам дека е многу тешко. Имало многу неверојатни тимови во Англија, но само Манчестер јунајтед со Алекс Фергусон и ние лани го направиме тоа, изјави Гвардиола.

Минатата сезона Сити ги освои Премиер лигата, ФА купот и Лигата на шампионите, а Гвардиола стана првиот тренер во историјата со две тројни круни. Првата му беше со Барселона во сезоната 2008/09.

Треба да знаете
Последни објави