На социјалната мрежа Фејсбук се појави група во која се бара правда за осомничениот убиец на малата Вања Ѓорчевска, Љупчо Палевски Палчо.
Групата е именувана како Правда за Палчо, правда за Вања, правда за Панче, правда за Македонија и сега за сега има околу педесеттина членови.
Личности скриени со прекари Десна и без фотографии на своите профили објавуваат пофални зборови за Палчо истакнувајќи дека тој е невин и дека целиот случај е монтиран.
„Сите што лично го познаваме Палчо знаеме дека е невино обвинет за грозоморното и монструозното убиство на Вања. Знаеме дека, заедно со дел од неговите најблиски соработници им е монтиран случај во кој што ѕверски жртвуваа и детски живот. Дете лишија од младост, од радост што му носи животот, од потомство, од среќа да биде дел од своите најблиски, другари и пријатели…“ стои во една од објавата, додека во описот на групата пишува дека „Љупчо Палевски Палчо е вистински македонски патриот и како таков долго време им пречи на сите антимакедонски политички субјекти, особено на Курто и Мурто. Системот му спакува афера и лажно го обвини“