Search

Ѓоковиќ и Алкараз ќе играат егзибициски меч на стадион со капацитет за 40.000 гледачи

Првиот светски рекет Србионот Новак Ѓоковиќ и младиот Шпанец Карлос Алкараз кој му се „заканува“ да го симне од лидерската позиција, на крајот од годинава испланирано е да одиграат егзибициски меч во главниот град на Саудиска Арабија, Ријад на 26 или 27 декември, на стадион со капацитет за 40.000 гледачи.

На тенискиот спектакл ќе настапат уште Арина Сабаленка и Онс Жабер, а тоа ќе биде загревање за сите нив за новата сезона. За Ѓоковиќ, на пример, таа почнува со настапот на Јунајтед купот на 29 декември, додека Алкараз соопшти дека нема да игра до пред првиот сезонски гренд-слем турнир Австралија Опен.

Треба да знаете
Последни објави