Search

Шкупи за пеналот на Струга против Воска смета дека е срам за судиите во македонскиот фудбал !

Актуелниот фудбалски првак Струга ТЛ во засотанатиот меч од 15. коло ја победи Воска (1:0) со контроверзно досуден пенал во судиското продолжение и се искачи на лидерската позиција во македонската прволигашка конкуренција. Ваквиот расплет го налути ривалот од Охрид, но и довчерашниот лидер Шкупи од Скопје кој се огласи со соопштение за делењето на правдата од страна на Игор Стојчевски за кого побара истрага за судијата да направи и полицијата.

-Срам за судијата. Срам да ви е за ваквата победа и вака освоените првенства. Оваа победа е срамна за победничкиот тим. Што ако Воска испадне од лигата поради овој загубен бод, што ако ние ја загубиме титулата поради освоени бодови на Струга на овој начин, кој ќе биде одговорен?
Овој судија е срам за себе и срам за судиите во македонскиот фудбал. Поради вакви судии се руши угледот на државата, регуларноста на фудбалот е ставена под сомнеж. Полицијата треба да го истражи овој судија, но и македонското обвинителство, а полицијата сега треба да ја преземе контролата врз фудбалот.
Полицијата треба да истражи со кого овој судија се сретнал пред мечот и зошто судијата беше сменет пред натпреварот. Зошто мечот траеше 10 минути повеќе? Зошто беше досуден пенал во последен момент? Тој тоа што го направи денес, го направи со нас и минатата сезона. Треба да се истражат одлуките на овој судија на натпреварите на Струга.
Овие одлуки се срамни и надлежните инситутции треба да ги истраќат. На тој човек не треба да му се дозволи да ја извршува функцијата судија. Ги повикуваме надлежните институции да ги испитаа случајот, стои во соопштението на Шкупи.

Треба да знаете
Последни објави