Search

Сунак изразил разочарување до Нетанјаху поради прекинот на паузата во борбите во Газа

Британскиот премиер Риши Сунак денеска му порача на својот израелски колега Бенјамин Нетанјаху дека е „разочаран“ поради прекинот на паузата на борбите во Газа.

„Премиерот разговараше со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и го изрази своето разочарување поради прекинот на паузата во борбите во Газа, што можеше да овозможи ослободување на заложниците“, рече портпаролот на Сунак.

Тој додаде дека Сунак и Нетанјаху разговарале како да се осигури дека ќе бидат ослободени преостанатите заложници што ги држи Хамас во Газа и да се дозволи заминување на сите преостанати британски државјани од Газа.

За време на разговорот, Сунак ја нагласи потребата Израел да води поголема грижа за заштита на цивилите во Газа и да дозволи хуманитарната помош да стигне до палестинската енклава.

Британската војска ги распореди своите сили во источниот Медитеран една недела по нападот на Хамас на 7 октомври, кога и авионите на РАФ и бродовите на Кралската морнарица беа испратени во регионот.

Треба да знаете
Последни објави