Search

Путин во придружба на борбени авиони долета на Блискиот исток

Рускиот претседател Владимир Путин пристигна во Абу Даби каде ќе разговара со лидерите на Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати.Ова е прво патување на Путин во регионот од почетокот на војната во Украина во 2022 година. Авионот на претседателот Путин бил придружуван од четири борбени авиони „Сухој-35С“, кои според снимка објавена од рускот Министерство за одбрана летаат заедно со неговиот авион „Иљушин-96“ од Русија до Обединетите Арапски Емирати.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков вчера информира дека на дневен ред на разговорите е договорот за нафта и Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК).

ОПЕК е составен од 23 земји извознички на нафта. Групата редовно се состанува за да одлучи колку сурова нафта ќе продаде на светскиот пазар.

Минатата недела, ОПЕК + се согласи на доброволно намалување на понудата во вкупна вредност од околу 2,2 милиони барели дневно.

Намалувањата генерално се прават за да се гарантира дека цените ќе останат високи. јт/Фото: ЕПА архива .

Треба да знаете
Последни објави