Search

Пендаровски: Не знам кој нормален граѓанин во вакви траорни времиња може да размисува за избори

Претседателот Стево Пендаровски ја појасни денешната изјава дека нема намера да се кандидира за втор претседателски мандат. Претходно Пендаровски на новинарско прашање – дали размислува за втор мандат само кусо одговори „не“ без да образложи и да открие повеќе детали. Тоа го стори попладнево. -Прашањето на вашата колешка беше дали размислувам, реков не, не размислувам, не знам кој нормален граѓанин во вакви траорни времиња може да размисува за избори, мандат. Имаме време до тогаш, после Нова година. Моите мисли деновиве се насочени само кон семејствата на настрадените. Јас им должам на граѓаните да го изработам до крај мандадот за честа која ми ја овозможија пред четири години, појасни претседателот Пендаровски.

Треба да знаете
Последни објави