Search

Објавена листата на јадења кои најмногу се „гуглаа“ во 2023 година: Меѓу најбараните и едно смислено од македонски готвач

Секоја година Гугл објавува листа на најпребарувани јадења. Во 2022 година таа титула му припадна на познатиот paneer pasand, односно класичното индиско кари, само што ова содржи коцки урда и топли зачини.

И оваа година беше објавена престижната листа на најпребарувани јадења на денешницата. Еве кои јадења најмногу ги интересираа корисниците на гугл:

1. Шуго

2. Чили Синсинати

3. Marry Me Chicken

4. Сендвич Бела Хадид

5. Салата Џенифер Анистон

Чили Синсинати е името за сос од месо со медитерански зачини што се користи како прелив за шпагети или за виршли во лепче. Иако е создаден во Америка, неговиот концепт потекнува од креативните умови на македонските готвачи кои започнале свој бизнис со ресторани на американска почва. Јадењето вклучува традиционален рецепт за мелено месо збогатен со целосно неконвенционални состојки. Комбинацијата од говедско месо, сос од домати, чоколадо и цимет ги воодушевува сите, па затоа е и толку пребарувано јадење.

Јадењето го измислил Том Кираџиеф, емигрант од нашите краишта кој во САД заминал по Првата светска војна. Се зборува дека изменил традиционално јадење, за кое се шпекулира дека е мусака, за да создаде сос кој прво го ставал како прелив над виршли во лепче, а потоа врз шпагети. Јадењето станало толку популарно што бил отворен ланец ресторани.

Состојки:

Мелено говедско месо (400 g)

2 главици кромид

Сос од домати (250 g)

Лажица јаболков оцет

2 супени лажици гранулиран лук

2 лажици чили во прав

Малку цимет, мелен ким, црвен пипер и каранфилче

Ловоров лист

Шпагети

Рендано чедар сирење

Подготовка:

Пропржете го кромидот на масло и додадете го говедското месо и две шолји вода. Раскинете го говедското месо што е можно повеќе и варете полека 30 минути додека не омекне. Додадете ги останатите зачини и состојки, а кога убаво ќе се измешате оставете го на тивок оган да се готви час иполовина. Кога Синсинати е речиси готов, почнете да готвите тестенини, така што тие да бидат готови во исто време.

Треба да знаете
Последни објави