Search

Нетанјаху: Израел ќе ја задржи безбедносната контрола врз Газа по војната

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека израелската војска и по војната ќе ја задржи безбедносната контрола врз Појасот Газа, отфрлајќи ја можноста одговорноста да им се предаде на меѓународните сили.

Зборувајќи на прес-конференција по состанокот на воениот кабинет, Нетанјаху синоќа кажа дека Газа „мора да се демилитаризира“ кога ќе заврши војната.

-И за Газа да се демилитаризира има само една сила која може да се грижи за таа демилитаризација и таа сила е ИДФ, рече Нетанјаху, мислејќи на израелската армија, додавајќи дека „меѓународна сила нема да биде одговорна за тоа“. „Видовме што се случи на други места каде што донесоа меѓународни сили за демилитаризација. И не сум подготвен да ги затворам очите и да прифатам каков било друг аранжман“, додаде израелскиот лидер, пренесен од медиумите.

Нетанјаху кажа дека армијата ги проширила операциите на југот од Појасот Газа и ја опколила Џабалија на север и Кан Јунис на југ, додавајќи дека „нема место до кое не можеме да стигнеме“.

Тој го повика цивилното население да ги напушти областите каде армијата се бори против палестинскиот Хамас.

-Им велам на нашите пријатели во светот кои притискаат за брз крај на војната: Наш единствен начин да ја завршиме војната и брзо да ја завршиме е да извршиме разорен притисок врз Хамас и да го уништиме, рече Нетанјаху.

Израел во петокот ја обнови својата воена офанзива врз палестинската територија по истекот на еднонеделниот прекин на огнот. 

Треба да знаете
Последни објави