Search

Македонските граѓани најмногу посегнуваат по цигарите во регионот

Во Македонија дури 45,4 отсто од граѓаните пушат цигари – што е далеку над просекот во регионот. Истражувањата на “Аналитика тинк-тенк” покажуваат дека зголемувањето на акцизите на тутунските производи ќе ги зголеми буџетските приходи, но и ќе придонесе за намалување на бројот на граѓани кои пушат цигари, а со тоа ќе се намалат и бројките на смртни случаи како последица од пушењето. Според податоците од направената анализа, ако акцизата се зголеми за 30% ,цената на цигарите би се зголемила за дополнителни 22%, а со тоа би можеле да се спасат 7.000 смртни случаи на годишно ниво. Освен здравствени, анализите покажуваат и финансиски придобивки во буџетот каде се слеале дополнителни 265 милиони евра на годишно ниво.

Секој оној кој сака да се одвикне од пушачката навика, тоа може да го направи во еден од 10. центри за јавно здравје, каде се спроведуваат специјални обуки за одвикнување од пушење- информира заменик министерот за здравство Маја Манолева.

Дури 30% од младите започнуваат со пушење пред 14. година.

Треба да знаете
Последни објави