Search

Вучиќ: Охридскиот договор може да стане услов за членство на Србија во ЕУ

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ посочи дека постои можност Охридскиот договор да стане дел од преговарачкото поглавје 35, а со тоа и услов за прием на неговата земја во Европската Унија (ЕУ). Поглавјето 35 во пристапните преговори меѓу Србија и ЕУ ги вклучува односите со Косово. Според Вучиќ за Србија „приемот на Косово во Обединетите нации не доаѓа предвид“.

-За ова ги запознав Французите, Германците, Италијанците, сите Европејци, Американци – изјави Вучиќ.

Охридскиот договор предвидува Србија да ги признае државните симболи на Косово, да не се противи на членството на Косово во меѓународните организации, како и меѓусебно почитување на територијалниот интегритет и суверенитет од двете страни.

Треба да знаете
Последни објави