Search

(Видео) Во Венеција се преврте гондола откако туристи не послушале да престанат да прават селфи и да седнат

Група туристи паднала во канал во Венеција кога гондолата со која се возеле се превртела откако не ги послушале наредбите да престанат да прават селфи и да седнат. Во матната и студена вода завршил и гондолиерот кој се обидувал да маневрира додека пловел со чамецот под мостот кај плоштадот Свети Марко.

Според извештаите на локалниот печат, групата од Кина се возела во гондола и правела селфи кога се случил инцидентот.

Маневарот на гондолиерот под мостот барал максимален баланс на тежината на чамецот, но патниците ги игнорирале неговите наредби да седнат и наместо тоа продолжиле да стануваат и да фотографираат, поради што гондолата се превртела, пишува Гардијан.

Треба да знаете
Последни објави