Search

Астон Вила му зеде мерка и на шампионот Манчестер сити

Астон Вила продолжува да приредува изненадувања во англиската фудбалака Премиер лигата. Во 15. коло му зеде мерка и на актуелниот шампион Манчестер сити (1:0) и се наметна како сериозен кандидат во трката за титулата или место за пласман во Лигата на шампионите. Доминацијата на теренот Астон Вила ја круниса со победнички погодок во 74 минута преку Бејли. Со оваа победа, Астон Вила го помина Манчестер сити на табелата и се искачи на третата позиција. Ова беше 14. триумф во низа на домашен терен, а во следното коло ќе го пречека Арсенал и ќе има шанса да му се доближи на само еден бод. За Сити ова беше четврти натпревар по ред без победа во првенството и сега заостанува шест бода во однос на лидерот. Од останатите натпревари вечерва, Манчестер јунајтед оствари исклучително важна победа со 2:1 во дербито против Челзи, а Ливерпул остана во чекор со Арсенал откако го совлада Шефилд (2:0).

Резултати: Брајтон – Брентфорд 2:1, Кристал Палас – Борнмут 0:2, Фулам – Нотингем Форест 5:0,
Шефилд – Ливерпул 0:2, Астон Вила – Манчестер сити 1:0, Манчестер јунајтед – Челзи 2:1.

Треба да знаете
Последни објави