Search

Тејлор Свифт е личност на годината според магазинот Тајм

Личност на годината според уредниците на магазинот Тајм е американската пејачка и текстописец Тејлор Свифт. Во традиционалниот избор кој датира од 1927 година, личноста на годината на Тајм ја претставува личноста, групата или концептот кои најмногу ги обликувале насловите, позитивно или негативно.

Како што пишува Тајм, прогласувањето на пејачката за личност на годината не е големо изненадување бидејќи ова е ера на моќта на Тејлор Свифт. Таа е поп ѕвезда, милијардерка и една од најмоќните жени на денешницата.

Нејзините достигнувања како уметник – културно, критички и комерцијално – се толку големи што пребројувањето на бројот на награди изгледа речиси бесмислено.

Како поп-ѕвезда, таа седи во одбрано друштво, заедно со Елвис Присли, Мајкл Џексон и Мадона; Како текстописец ја споредуваат со Боб Дилан, Пол Макартни и Џони Мичел.

Како бизнисменка, изградила империја вредна, според некои проценки, над милијарда долари. И како славна личност која, бидејќи е жена, е под лупа за сè, од тоа со кого излегува до тоа што носи, таа е во постојано внимание долго време и знае како да го искористи тоа.

Нема сомнение, таа стана главниот лик на светот, што беше потврдено со овој избор.

Личност на годината на Тајм во 2022 година беше украинскиот претседател Володимир Зеленски и „духот на Украина“.

Во претходните години тоа беа американскиот претседател Џо Бајден и потпретседателката Камала Харис, Мартин Лутер Кинг Џуниор, германската канцеларка Ангела Меркел, папата Франциск и активистката Грета Тунберг.

Треба да знаете
Последни објави