Новинарот Фуркан Салиу и порталот „Порталикс“ дошле до снимки од надзорни камери на кои, како што тврдат, се снимени возилата во кои била пренесена 14-годишната Вања Ѓорчевска по нејзиното киднапирање.
Како што вели новинарот, снимките покажуваат кога и како девојчето дошло во селото Бразда и точното време кога е опожарено возилото.
Во својата анализа, Салиу забележува дека во Цитроенот имало и совозач, но и дека во задниот дел на возилото просторот се чини празен, но се гледа нешто што наликува на бела вреќа.