Search

ОЈО со детали: 74годишниот Панче насилно бил грабнат од дома

Основното Јавно Обвинителство излезе со детали за грабнувањето на Панче Жежовски од Велес.

Во соопштението од ОЈО се наведува дека на 22 ноември четворица од осомничените откако претходно се договориле, го грабнале Панче од неговиот дом во Велес. Целта била да го присилат да го даде неговиот автомобил Цитроен за да го искористат за грабнување на Вања Ѓорчевска, а потоа во близина на селото Рудник го убиле, а телото го закопале во јама.

„Откако влегле во неговиот дом, физички го нападнале, го врзале и со автомобил го однеле во близина на селото Рудник, каде со учество на дејствие на извршување и со друг особен придонес кон извршување на делото, од користољубие и на свиреп начин го лишиле од живот со истрел од огнено оружје од еден од осомничените.“ – велат од обвинителството.

Треба да знаете
Последни објави