Search

Лејкерси го добија Феникс, се пласираа во полуфиналето во НБА купот

Лос Анџелес Лејкерс изборија пласман во полуфиналето на НБА купот со победата над Феникс од 106:103.

Леброн Џејмс го предводеше својот тим со 31 поен, осум скока, 11 асистенции и пет украдени топки. Џејмс ја презеде одговорноста во последната четвртина во која постигна 15 поени.

Максимално му помогна Ентони Дејвис, кој за неполни 39 минути на паркетот постигна 27 поени со 15 скока. Солиден учинок имаше и Остин Риверс со 20 поени.

Феникс ги предводеше Кевин Дурент со 31 поен, седум скока и четири асистенции.

Грејсон Ален и Девин Букер уфрлија по 21 поен, Јусуф Нуркиќ постигна три поени со осум скока и четири асистенции за 29 минути.

Во полуфиналето Лејкерси ќе играат со Њу Орлеанс.

Треба да знаете
Последни објави