Search

Возач починал додека возел, возилото излетало од патот

МВР извести дека денеска во ОВР Кичево е пријавено дека на локален пат за кичевското село Бигор Доленци, патничко возило „мерцедес“ излетало од патот, а возачот бил без знаци на живот.

„Од увидот, извршен по наредба на јавен обвинител, констатирано е дека станува збор за Е.Л.(49) од селото Лисичани, а смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош. По завршената обдукција било утврдено дека смртта кај возачот настапила пред несреќата“, извести полицијата.

Треба да знаете
Последни објави