Search

Спасовски за убијците на Вања и Панче: Тоа се монструми, кои што не можат да се наречат луѓе, но ќе се соочат со правдата

Се уште испитуваме, но станува збор за малоумни, за монструми, за луѓе кои што не можат да се наречат луѓе, тоа е факт“, порача министерот Оливер Спасовски на вечерашната вонредна прес конференција пред МВР.

Според Спасовски,нема сомневања дека некој издал информација од Министерството за внатрешни работи за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, па затоа, лицето осомничено како организатор и реализатор, Љупчо Палевски-Палчо избегало од Македонија, но сепак истото е пронајдено, додавајќи дека тој е пронајден и сега сите потези се во рацете на Министерството за правда кое треба да ја реализиа екстридацијата на Палевски.

Треба да знаете
Последни објави