Search

„Насилството низ призмата на културата – гласно и болно, но борбено“ во рамки на кампањата „Сложувалка“

Во големата сала за изложби – Музеј Битола денеска ќе се одржи настан во рамки на кампањата „Сложувалка“ под името „Насилството низ призмата на културата – гласно и болно, но борбено“.

На настанот ќе се обратат министерката за култура Бисера Костадиновска – Стојчевска, министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска, програмската аналитичарка во УНФПА, Јованка Брајовиќ Григоријевиќ, директорката на манифестацијата Охридско лето, Наташа Поповиќ, како и авторката Јасмина Атанасова.

Настанот е во организација на Министерството за труд и социјална политика и канцелариите на УНФПА во Република Северна Македонија со поддршката на Британската амбасада.

Треба да знаете
Последни објави