Search

Израел подготвува систем на водени пумпи за поплавување на тунелите на Хамас

Израел подготвува голем систем на пумпи за вода што би можел да ги искористи за да ги поплави тунелите на Хамас под Појасот Газа, во обид да ги истера борците на палестинската милитантна група, јавија западните медиуми, повикувајќи се на американските медиуми.

Во средината на ноември, израелската војска ја заврши инсталацијата на најмалку пет пумпи на околу два километри северно од бегалскиот камп Ал Шати, кои би можеле да испуштат илјадници кубни метри вода на час, поплавувајќи ги тунелите на палестинските милитанти за неколку недели, објави вчера „Волстрит Џорнал“, цитирајќи американски официјални претставници.

Не е познато дали Израел ќе ја разгледа употребата на пумпите пред да бидат ослободени сите заложници, кои ги држеше Хамас од почетокот на конфликтот, се вели во извештајот.

Хамас претходно објави дека држи затвореници на „безбедни места и тунели“. 

Треба да знаете
Последни објави