Search

Донесени во Кривичен со избричени глави и затворски одела осомничените за убиството на Вања

Четворица осомничени за убиствата на 14-годишната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски беа донесени во Кривичниот суд вечерва, каде судија треба да одлучи дали ќе им го продолжи притворот.

Тие беа спроведени со лисици под силно полициско присуство, облечени во затворски одела и со избричени глави

Тројцата од нив се дел од партијата „Десна“ на првоосомничениот, Љупчо Палевски – Палчо, кој беше посочен како реализатор на убиствата и во моментот е во бегство. Четвртиот кој беше спроведен во судот е таткото на 14-годишната Вања, за кого постојат сомнежи дека дал информации за движењето на неговата ќерка, но тој негира вина.

Претходно, Обвинителството издаде наредба за истрага, и побара нови 30 дена притвор за осомничените.

Дополнително, Обвининителството попладнево побара притвор и за уште едно лице, за кое се сомнева дека му помагало на Палевски, возејќи го низ Србија и Бугарија кон Турција.

Треба да знаете
Последни објави