Search

ВМРО ДПМНЕ: Мицкоски ќе го предводи РИШ за следните избори, на Конвенција ќе се бира кандидат за претседател на Македонија

Седницата на Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМННЕ започна со едноминутно молчење во знак на почит кон жртвите од монструозното убиство кое се случи во Скопје и ја потресе целокупната домашна и регионална јавност, информира потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ Александар Николовски и додава: -Оваа седница на Извршниот комитет доаѓа по лидерската средба на која што беа утврдени датумите за споени претседателски и парламентарни избори, 24  април и 8 мај.
Споените избори беа и наше барање затоа што тоа е логичен слет на работите особено што на тој начин се намалуваат и трошоците за одржувањето на истите, исто така се скратува времето во кое што економијата ќе е замрзната, и граѓаните ќе можат во еден изборен циклус да одлучат и за избор на влада и премиер и за претседател. Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ донесе одлука за формирање на Републички изборен штаб кој ќе го предводи претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, а негова заменик ќе биде генералниот секретар Ѓорѓија Сајкоски.
Воедно отпочнаа и подготовките за избор на кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за претседател на Република Македонија, при што изборот ќе се одржи на Изборна Конвенција која ќе се случи на 2 март 2024 година во Скопје.

Треба да знаете
Последни објави