Search

Шест лица повредени во судир на автобус и камион во Ниш

Шест патници од автобус на „Ниш експрес“ се повредени во сообраќајна несреќа што се случила со камион на крстосницата од Булевар 12. Февруари и улица Хумска во Ниш.

До несреќата дошло кога автобусот од градски сообраќај се судрил со камион со панчевски регистарски таблички.

Интервенирале две екипи на Брза помош и повредените патници ги пренеле во Универзитетскиот клинички центар Ниш.

Според првичните информации сите патници се со полесни повреди.

Треба да знаете
Последни објави