Турската полиција откако го упасила Љупчо Палевски-Палчо, првоосомничениот монструм за киднапирањето и убиството на 14 годишната Вања Ѓорчевска, по кого беше распишана меѓународна потерница, веднаш до своите колеги во МВР во Скопје испратило и фотографии од приведениот да се потврди дали е бараното лице.
![](https://24info.mk/wp-content/uploads/2023/12/viber_image_2023-12-05_23-24-23-705.jpg)
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски ја сподели информацијата на вонредната прес-конференција покажувајќи ги две фотографии од Палевски направени во полициски простории во Турција.