Тешка сообраќајна незгода кај Соборна, возило излета од булевар и турна столб

Сообраќајна несреќа се случи  кај Соборен Храм, каде возило марка „голф“ го турнал столбот за регулирање на семафорите веднаш по пешачкиот премин и влетал на тротоарот каде се движат пешаци.

Се качил на жардинерата и ја искршил кутијата со струја. 

Семафорите на оваа улица не се во функција.

Повеќе информации од МВР за сообраќајната несреќа се очекуваат во текот на денот. 

Треба да знаете
Последни објави