Search

Лазаров:Среќен сум по првата европска победа за Алкалоид

По првиот историски триумф на евро-сцената за македонскиот ракометен вице-правк Алкалоид, против шпанската Ла Риоха во 6. коло од групната фаза од Европската лига на ЕХФ, тренерот на „фармацевтите“ Кире Лазаров по натпреварот во СЦ „Јане Сандански“ не го криеше задоволството.

-Среќен сум бидејќи ова е историска победа за нашито тим. Честитки за моите играчи, честитки и до гостите за фер-плејот. Играв седум години во Шпанија и знам што значи Ла Риоха во државата. Знам многу ракометари од Европа и светот кои сакаа да одат и да учат во Шпанија. Ние ги направивме истите грешки како и претходно, промашивме неколку пенали и удари од шест метри. Меѓутоа ова е дебитантска сезона за многу ракометари во Европа и ова е одлично искуство за нас. Моите ракометари заслужија да победат еден меч. Мило ни е што публиката нè препозна како македонски проект. Сепак, мора да се работи понапорно во иднина за да бидеме поконкурентни во иднина, кажа Лазаров.

Треба да знаете
Последни објави