Search

Индија наскоро ќе ја престигне Германија и ќе стане трета економска сила во светот

До крајот на деценијата Индија ќе ја престигне Германија, најмоќната економска сила на Европската унија, предвидува агенцијата „S&P Global Ratings“.

Во најновиот извештај на оваа глобална рејтинг агенција се наведува дека Индија ќе стане трета по големина економија во светот до 2030 година.

Според Меѓународниот монетарен фонд, Индија моментално е на петтото место, зад САД, Кина, Германија и Јапонија според бруто домашниот производ.

„Најважниот тест ќе биде дали Индија може да стане следниот голем глобален производствен центар, бидејќи претставува огромна можност. Развивањето на силна логистичка рамка ќе биде клучно за трансформирање на Индија од економија во која доминираат услугите во економија доминантна во производството“, се вели во извештајот.

Според агенцијата, дигиталниот пазар, првенствено финансиската и потрошувачката технологија, како и автомобилскиот сектор, ги претставуваат главните движечки сили на економскиот раст на Индија.

Треба да знаете
Последни објави