Динамо Загреб бара отштета од Здравко Мамиќ во висина од 21 милион евра

Повеќекратниот хрватски фудбалски првак Динамо Загреб во судски спор против поранешниот прв човек на тимот од „Максимир“, Здравко Мамиќ бара отштета од 21 милион евра. Според раководството на клубот тоа се парите кои осудениот бизнисмен Мамиќ и неговите соработници ги украле додека го воделе тимот. Здравко кој од јуни 2018 година беше осуден на 6,5 години затвор е недостапен за хрватското правосудство и живее во Босна и Херцеговина.

Здравко ја има оштетено клупската каса на Динамо за 7,3 милиони евра, а најмногу пари му припаднале на неговиот син Марио Мамиќ кој наводно украл 11,4 милиони евра. Прстите во клупската каса ги замешал и неговит брат Зоран Мамиќ.

Обвинителството поднесе докази преку кои тврди дека Мамиќ успеал да создаде „злосторничко здружение“ и извлекувал пари од хрватскиот клуб.

Треба да знаете
Последни објави