Search

Во престрелка во центарот на Куманово едно лице се здобило со прострелни рани во двете нозе

Попладнево во центарот на Куманово се случило пукање, потврди СВР Куманово, од каде најавија детали по завршување на увидот. Едно лице се здобило со прострелни рани во двете нозе во пукотницата што се одвивала во близина на улицата „Борис Кидриќ“.

Од Кумановската општа болница потврдија дека кај нив со возило на Итна помош во 17: 38 часот е донесено машко лице со две прострелни рани на двете нозе.

Поради сериозноста на повредите, лицето е испратено за Скопје.

Треба да знаете
Последни објави