Search

Во Индонезија бројот на загинати од ерупцијата на вулканот се искачи на 22

Бројот на загинати во ерупцијата на вулканот Мерапи на западот на Индонезија се искачи на 22, по откривањето на уште неколку тела на планинари, соопшти денеска локалната спасувачка служба, која во претходниот извештај информираше за 13 загинати.

Ерупцијата на вулканот Мерапи на островот Суматра започна во неделата попладне по локално време. Вулканот исфрлаше пепел на 3.000 метри над својот врв.

Мерапи е висок 2.891 метар, а неговото име значи „огнена планина“. Тој е најактивниот вулкан во Суматра.

Индонезиските власти воведоа зона на исклучување од три километри околу вулканот.

Индонезија се наоѓа на Пацифичкиот огнен прстен, каде што сливот на континенталните тектонски плочи предизвикува голема вулканска и сеизмичка активност. Земјата има речиси 130 активни вулкани.

Треба да знаете
Последни објави