Search

Таткото на свирепо убиената Вања донесен во суд

Таткото Александар Ѓорчевски, на свирепо убиената 14 годишната Вања, која беше грабната за изнуда на пари е донесен пред судија на претходна постапка во Кривичниот суд во Скопје. Обвинителството бара притвор за татко на Вања, бидејќи смета дека бил соучесник со тоа што им споделил информации на осомничените кои го извршија грабнувањето и убиството, кога неговата ќерка ќе тргне кон училиште.

Неговите информации ги искористиле четворицата осомничени кои во понеделникот, рано наутро ја грабнале Вања, уште пред да излезе од влезот на зградата и ја однеле на локацијата во атарот на селото Бразда, надвор од градот, каде два часа подоцна ја застрелале и закопале.

Треба да знаете
Последни објави