Search

Претседателот Пендаровски се потпиша во книгата на жалоста по смртта на Вања

Претседателот на државата Стево Пендаровски и неговата сопруга Елизабета Ѓоргиевска денеска се потпишаа во книгата на жалост отворена во основното училиште „Јохан Хајнрих Песталоци“, по повод смртта на 14 годишната ученичка Вања Ѓорчевска.

-Почивај во мир Вања! Сочувство до семејството, пријателите, соучениците, другарчињата, стои во објавата на Фејсбук на шефот на државата.

Голем број деца, соученици, родители, граѓани денеска со солзи во очите се упатуваа кон училиштето за да се потпишат во книгата на жалост која беше поставена утринава од 9 часот.

Треба да знаете
Последни објави