Search

Мајка херој ја спасила ќерка си од ајкула, но неа ѝ ја одгризла ногата и починала

Трагедијата се случила во саботата наутро на плажа во Мексико, а на интернет се шири видео од преплашени капачи кои врескаат додека други ја извлекуваат повредената жена на брегот.

Марија Фернандез Мартинез Хименез (26), студентка по морска биологија на Универзитетот во Гвадалахара, починала од загуба на крв откако ајкула ја каснала за нога. Иако спасувачите на 26-годишната девојка веднаш и пришле на помош, таа не можела да се спаси, пишува Дејли Мејл.

Младата жена пливала со својата петгодишна ќерка кога забележала ајкула како им се приближува. Го ставила девојчето на пловечка платформа и ја спасила од животното, но самата се здобила со тешки повреди на ногата и изгубила голема количина крв.

По нападот, локалните власти ја затворија плажата до дополнително известување.

Треба да знаете
Последни објави