Search

Македонија по Србија има најмногу резерви на злато од државите на Балканот

Македонија по Србија има најмногу резерви на злато од државите на Балканот покажуваат податоците на Светскиот совет за злато. Србија ги зголеми своите резерви на злато за повеќе од 10 тони и во моментов има 32 тони во вредност од 1,66 милијарди евра.

Податоците на Светскиот совет за злато (World Gold Council), база на информации за резервите по држави на Балканот, за вториот квартал од оваа година покажуваат дека по Србија, следува Македонија со 6,89 тони резерви на злато.

Следуваат Словенија со 3,17 тони, Босна и Херцеговина со 2,98 тони и Црна Гора со 1.090 килограми злато заложено за кредит. За Хрватска, според официјалните податоци бројката е нула. Хрватска ги продаде своите последни резерви на злато во 2005 година и заработи вкупно 146 милиони долари. Доколку ги зачувале златните резерви, по моменталните рекордни цени на златото, би заработиле 710 милиони долари.

Треба да знаете
Последни објави