Search

Лога: Смртната казна е забранета, но мислам дека би била спас за тие монструми

Министерот за правда, Кренар Лога, изрази сочувство до семејствата на 14-годишната Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски и жалење за големата трагедија во која безмилосно се одземени два живота.

-Денеска е тажен ден за Македонија. Потресени сме и шокирани од настанот. Доживотен затвор е најмалата казна што треба да им се изрече на монструмите од оваа трагедија. Верувам во МВР и во ЈО дека на крајот судот ќе ја изрече соодветната казна и правдата ќе излезе на виделина, рече Лога.

Во однос на смртната казна, министерот Лога посочи дека Уставот ја забранува, а исто така имаме и усвоени протоколи и конвенции, кои ја забрануваат смртната казна.

-Јас сум меѓу оние граѓани во оваа држава што мислат дека смртната казна би била спас за тие монструми и сум на таа страна тие да ја доживуваат до крајот на својот живот во нивната свест за тоа што имаат направено и секој ден да ја доживуваат сѐ потешко за овој настан. Доживотната казна затвор е најмала казна што треба да ја изречат нашите институции, изјави Лога.

Треба да знаете
Последни објави