Search

Ковачевски: За вакво грозоморно злосторство следуваат највисоки казни

„Огромна е тагата која ја чувствуваме по загубата на овој млад живот“, рече премиерот Димитар Ковачевски, во врска со случајот на трагично загинатата Вања Ѓорчевска.

Одговарајаќи на новинарски прашања по лидерската средба кажа дека криминалот има име и презиме и обврска на истражните и поравосудните органи да се справуваат со вакви криминалци.

Ковачевски им се заблагодари на надлежните институции и додаде дека и МВР и Јавното обвинителство работеле интензивно и целосно го расветлиле случајот и ги пронашле сторителите на ова како што го нарече, грозоморно злосторство.

Тој рече дека чекува во најкраток можен рок, сторителите да бидат изведени пред лицето на правдата и да понесат најстрога одговорност и апелираше да се следат информациите исклучиво од надлежните институции кои навремено и по протокол споделуваат максимално можно, со цел да се избегнат шпекулациите и да не се наштети на истрагата.

– Ова е грозоморен чин, а МВР и Обвинителството на најпрофесионален начин успеаја да ги идентификуваат сторителите и тие ќе бидат изведени пред правдата. Како што кажав, за вакво грозоморно дело следуваат највисоки казни, изјави Ковачевски.

Тој уште додаде дека и МВР и Обвинителството објасниле дека се работи за изолиран случај на злосторници и криминалци кои треба најжестоко да бидат казнетои согласно македонското законодавство.

Треба да знаете
Последни објави