Search

Влезниците за кошаркарскиот фајналфор од Евролигата во продажба од 19 декември

Кошаркарската Евролига соопшти денеска дека влезниците за фајналфор турнирот во Берлин ќе бидат пуштени во продажба на 19 декември.

Како и изминатите сезони, влезниците ќе бидат достапни само онлајн на адресата www.f4tickets.com, се наведува во соопштението.

Цената на влезниците за еден натпревар ќе биде од 57.25 до 177.25 евра.

Фајналфор турнирот ќе се игра во Берлин од 24 до 26 мај.

Германската престолнина трет пат ќе биде домаќин на завршниот турнир во Евролигата. 

Треба да знаете
Последни објави