Search

Речиси половина милион луѓе на планетата се постари од 100 години

Повеќето стогодишници живеат во САД, Јапонија и Кина. Како што покажа истражувањето за очекуваниот животен век во наредните децении, Шпанија ќе биде на прво место според бројот на долговечни луѓе.

Зошто Шпанците почесто „ќе зачекоруваат во вториот век“ откриваат три многу важни работи – медитеранската исхрана, стабилен семеен живот и бесплатен здравствен систем.

Јапонија е стара нација и сите демографски текови и сите сценарија се случуваат прво во Јапонија. Во светот има четири сини зони. Островот Окинава во Јапонија, Сардинија во Италија, островот Икарија во Грција и провинција во Костарика. Тоа се сините зони каде што научниците спроведуваат истражувања за тоа луѓето живеат подолго на овие области. Се смета дека клучни се исхраната, живот без стрес и здраво и активно стареење. Климатските фактори се исто така важни за долговечноста. Жителите на Сардинија живеат без стрес, Шпанците имаат сиеста за одмор, што значи добра клима и помалку стрес.

Жените живеат подолго ширум светот, а Африка има најкраток животен век, околу 50 години.

Просекот за светот е 64, а за Јапонија над 80 години.

Треба да знаете
Последни објави