Search

Премиерот Ковачевски на лидерска средба со претседателите на парламентарните партии

Денеска, 4.12.2023 година (понеделник), со почеток во 12:00 часот, на покана на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, ќе се одржи лидерска средба на претседателите на парламентарните партии.

Лидерската средба ќе се одржи во Кристалната сала, во Собранието на Република Северна Македонија.

По завршувањето на средбата е предвидена изјава за медиумите на премиерот Димитар Ковачевски.

Треба да знаете
Последни објави